Во Скопје викендов 43 сообраќајки, две лица потешко повредени, 29 полесно
Две лица биле потешко повредени во една од вкупно 43 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 22 незгоди биле полесно повредени 29 лица, а во 20 била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека викендов сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Деведесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, седум возачи не дале првенство на минување и 10 лица за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени 16 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 возачи го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 23 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 195 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 143 возила.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари