Македонија
13. July 2016 - 10:28

Во Скопје вчера 7 сообраќајки, 9 повредени

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на седум сообраќајни несреќи, од кои една е со материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле девет лица. 

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 20 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум  возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или, пак зборувале на мобилниот телефон.

Затекнати се и 43 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 59 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „Весели цветови“, објект „Перуника“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.