Во Скопје вчера 12 сообраќајки, еден потешко повреден
– Едно лице е потешко повредено во една од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 незгоди полесно биле повредени 13 лица, а во една била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои дваесет и пет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и десет возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола и едно возило кое било технички неисправно.
Санкционирани биле и десет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право