Македонија
19. January 2017 - 16:05

Во Скопје најбрз до крстот охриѓанецот Бобан

Бобан Павлевски од Охрид е најсреќниот капач  кој од водите на Вардар го извлече светиот крст. 25 годишниот охриѓанец втор пат учествува на манифестацијата Водици но овојпат меѓу 100 тина верници тој беше најбрз.

Вербата во бога и желбата за здравје и среќа била пресудна да се пријави за фаќањето на крстот.

Од студените води на реката Вардар чиј кеј годинава е под голема снежна покривка, капачите излегоа без повреди. Богојавление Водици  е еден од најголемите празници во православието.

Чествувањето е масовно во цела Македонија.  Централната прослава почна со божествена златоустива литургија во црквата Рождество на Пресвета Богородица со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ г.г Стефан.

По служењето на литургијата со литија свештениците и верниците  се упатија кон мостот Слобода, каде поглаварот ги освети водите на Вардар, по што го положи светиот крст.

На манифестацијата присуствуваа илјадници верници, премиерот Емил Димитриев, градоначалникот Коце Трајановски, и голем број други јавни личности.

Најсреќниот учесник кој го извлече крстот, доби Благослов од поглаварот и голем број подароци од градот и покровителите на настанот.

Богојавление Водици се празнува уште од вториот век. Празникот се однесува на крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован Крстител.

Фаќањето на крстот го симболизира соединувањето на човекот со Христа а оној ќе го извади од осветените води ќе го прати среќа и бериќет во текот на целата година.