Македонија
29. October 2017 - 9:30

Во Скопје ќе се гласа на 387 избирачки места

На вториот круг од локалните избори за градоначалник ќе се гласа во шест скопски општини - Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, Чаир и Шуто Оризари, додека во останатите четири и во Град Скопје градоначалник е избран во првиот круг.

Своето право на глас во вториот круг можат да го искористат 260.194 граѓани запишани во Избирачкиот список на 387 избирачки места.

Во општина Бутел на 45 избрачки места на гласање имаат право да излезат 33.275 избирачи. Во општина Гази Баба треба да гласаат 61.831 граѓани на 93 избирачки места.  На 82 избирачки места во општина Кисела Вода можат да гласаат 53.090 избирачи. Во општина Сарај на 46 избирачки места на гласање имаат право да излезат 30.942 гласачи.

 Во општина Чаир  своето право на глас може да го искористат 57.767 гласачи на 86 избирачки места. Според Избирачкиот список, во општина Шуто Оризари има 23.298 гласачи кои треба да се изјаснат на 36 избирачки места. 

Во вториот круг за избран градоначалник ќе се смета кандидатот кој освоил поголем број на гласови.