Македонија
21. September 2016 - 9:04

Во Скопје 13 сообраќајки, полесно повредени 11 лица

На подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле 13 сообраќајки, во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица. 

СВР-Скопје за МИА информиа дека се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден велосипедист.

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 29 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и пет возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Затекнати се и 11 лица кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 100 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Бамби“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.