Свет
24. јуни 2017 - 12:10

Во сила ново примирје во Источна Украина

Ново примирје влезе во сила во реонот на конфликтот во источна Украина, пренесе ТАСС.

Повторниот прекин на огнот во Донбас меѓу украинските владини сили и проруски сепаратисти беше договорен во средата.

Основната цел на т. н. „лебно примирје" е да им овозможи на жителите да почнат да ја собираат жетвата. Прекинот на огнот влезе во сила на полноќ и предвидено е да трае до 31 август.

Од 1 јануари до средината на јуни во реонот на конфликтот во источна Украина, според податоците на мониторинг мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), биле убиени 45 и ранети 216 лица.

Бројот на жртвите е поголем во споредба со истиот период минатата година. Тогаш како резултат на конфликтот во Донбас биле убиени 23 и ранети 84 лица.