Македонија
24. August 2016 - 13:18

Во штипските училишта почна Вториот уписен рок за ученици во прва година

Во штипските средни училишта од денеска во тек е вториот уписен рок на ученици во прва година за учебната 2016-2017 година. Во петте средни училишта има слободни места.

Директорот на регионалниот електромашински училишен центар СОУ „Коле Нехтенин“, Атанас Крстовски вели дека годинава бројот на ученици е помал во споредба со минатите години, поради воведувањето на деветтолетката во основните училишта.

- Ние очекуваме и кој имаат желба да се запишат во СОУ „Коле Нехтенин“ вратите се отворени можат слободно да дојдат. Училиштата треба да го почитуваат и имаат законска обврска да ги почитуваат правилата при уписот кога станува збор за бодовите на учениците, вели Крстовски.

Директорите на гиманзијата „Славчо  Стојменски“ и на СОУ „Коле Нехтенин“ прв пат побараа од страна на Советот на Општина Штип да им се дозволи формирање паралелки со помал број ученици, а законските одредби се во една паралелка да има над 25 ученици.

Заменик директорот на гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип, Тања Кокотова вели дека барањето е поради тоа што гимнзаијата запишува ученици само кои што живеат во Општина Штип, а поради помалиот број на ученици оваа година поради воведувањето на деветолетката во седумте паралелки ќе имаат по 22 или 23 ученици.