Бизнис
24. March 2017 - 20:05

Во Штип трибина за млади претприемачи

Ивана Трендафилова е една од 6-те претприемачи кои ги пренесоа своите искуства пред студентите од штипскиот универзитет, за започнување сопствен бизнис по завршувањето на школувањето. Трендафилова дипломирала на факултетот за архитектура и дизајн и пред една година отворила фирма за екстериерно украсување на сали за свечености. Вели дека секој почеток е тежок, но со упорна работа и помош од државата може да се успее.

Имам искористено мерка за неплаќање на придонеси во првата година. Ја искористив таа мерка и веќе си плаќам свои придонеси и така ми се олесна многу- изјави Ивана Трендафилова, претприемач

Анализите покажуваат дека младите луѓе имаат перцепција дека за бизнис упех потребно е поседување на голем капитал без кој би биле лесна мета на конкуренцијата. Меѓутоа, шесте успешни приказни на младите претприемачи го негираат овој стереотип.

Сакаме да ги поттикнеме младите да размислат дека со голема желба и добра идеја и пред се верба во себе, можат да успеат да го остварат својот сон и овде во Македонија- изјави Ивана Стојанова- локален координатор во „Инфо клуб“- Штип

Целта на настанот е поттикнување и развој на претприемачкиот дух кај младите и презентација на можностите кои им се нудат доколку се охрабрат по школувањето да отпочнат сопствен бизнис.