Македонија
10. April 2017 - 16:46

Во Штип продолжува изградбата на клиничката болница

Новата штипска клиничка болница интензивно се гради. Објектот е лоциран помеѓу главната болничка зграда, инфективното одделение и педијатрија, со површина од 34 000 м2.  Предвидено е да биде на 5 каскадно поврзани нивоа со 14 лифтови, а според раководството на болницата околу 80% од градбата досега е завршена.

-Градбата се движи според планираното. Во моментот се подготвува третото ниво за поставување на плоча за новата клиничка болница- изјави Елизабета Папарова, технички директор на Клиничка болница- Штип

Со градба се започна пред една година. Тогаш министерот за здравство најави дека крајниот рок за пуштање во употреба е 3 години.

-Како што велиме, карабина, ќе биде готова за максимум една година.- додаде Папрова

Ова е најголем инфраструктурен зафат на министерството за здравство во источниот и југоисточниот дел на земјата. За градежните работи и ентериерно уредување со целата потребна медицинска опрема ќе бидат инвестирани 46 милиони евра.