Македонија
29. јуни 2017 - 15:46

Во Штип одбележани 104 години од Брегалничката битка

Во Штип на местото викано Каленица, кај Метереолошката станица се  одбележаа 104 години од големата Брегалничка битка.

На одбележувањето на оваа битка присуствува државниот секретар на министерството за труд и социјална политика на Република Србија, Зоран Поповиќ, амбасадорката на Република Србија во Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев и претсавници на српски и македонски здруженија.  Битка која во 1913 година во близина на Ежово поле ја воделе српските и бугарски војници.

- Денеска го одбележуваме денот кога се случила Брегалничката битка. Ден кога загинале илјадници луге. Ден кој го секаваме, ден кој не сакаме никогаш повеке да се повтори, вели Поповиќ.

Српската амбасадорка во Р.Македонија Дивјак-Томиќ се заблагодари на штипскиот градоначалник кој помогна да се изгради споменикот за паднатите српски војници на локалитетот Каленица.

- Му благодариме на градоначалникот кој ни помогна опва место да биде симбол на пријателството помегу српскиот и македонскиот народ.Како што беше речено,ова е голем ден за српскиот народ,но истовремено ден кој треба да не предупреди дека треба да живееме во мир и војните никогаш да не се повторат, рече Дивјак-Томиќ.

Претседателот на Здружението за заштита на српските споменици во Македонија, Боро Ристиќ рече дека битката на Брегалница е една од најкрвавите битки за време на Втората балканска војна. 

-После 75 години со помош на локалната самоуправа успевме да ставиме спомен обележје за војниците кои ги дале своите животи во крвавата битка. Настрадале повеке од 16.200 војници и со поставувањето на оваа спомен плоча ние на тие луге на еден цивилизиран начин успеавме да им се одолжиме, вели Ристиќ.

Српската делегација и градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев денеска на местото каде што е споменикот засадија и садници со дрвца