Свет
13. May 2016 - 18:34

Во северниот дел на Полска ќе се постави американски противракетен систем

Во северниот дел на Полска денеска треба да почне поставување на американски противракетен систем, а полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски изјави дека безбедноста на земјата по неговата изградба ќе биде значително изменета.

Вашчиковски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе присуствуваат на поставувањето темели за изградба на објект за пресретнување ракети на местото на поранешната воздухопловна база во Редзиково, кој треба да биде завршен до крајот на 2018 година.

Полска побара присуство на НАТО и САД трупи на нејзина територија и во регионот поради зголемената активност на Русија, а Вашчиковски учествуваше во преговорите за постигнување договор со Вашингтон.