Свет
23. April 2017 - 21:29

Во Северна Кореја уапсен државјанин на САД

Државјанин на САД од корејско потекло е уапсен оваа недела во Северна Кореја од непознати причини, јави денеска јужокорејската агенција Јонхап, повикувајќи се на владини извори.  

Мажот со фамилијарно име Ким, кој имал околу 50 години бил уапсен на аеродромот во Пјонгјанг, пред да отпатува до земјата.

Претходно Американецот бил унивезитетски професор во корејскиот автономен округ Јанбан во Кина. Сега учествувал во различни програми за хумантирна помош на Северна Кореја. 

Ова е трет државјанин на САД, кој Северна Кореја го апси изминатите неколку години.