-->
-->
Во Сараево се одржува бизнис форум за привлекување странски инвестиции во ЈИЕ
-->
Во Сараево денеска беше отворен овогодишниот бизнис форум, на кој земјите од Југоисточна Европа се обидуваат да привлечат повеќе инвестиции од меѓународни бизнисмени, кои учествуваат на него.
На форумот оваа година учествуваат инвеститори од 30 земји, меѓу кои Кина, Индија, Малезија, Катар, Саудиска Арабија и други.
Сараевскиот бизнис форум, кој прв пат беше одржан во 2010 година прерасна во едно од најважните инвестициски случувања во ЈИЕ.
Оваа година Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија најавија дека се решени да се претстават како „еден регион и една економија“, барајќи инвестиции во земјоделството, инфраструктурата, туризмот, енергетиката и други области.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор