Балкан
2. August 2015 - 10:22

Во самоубиствен напад во Турција загинаа двајца војници

Курдските бунтовници утрово нападнаа станица на воената полиција во источна Турција при што загинаа двајца, а 24 војници се повредени.

Припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) во нападот врз станицата на воената полиција во околината на градот Догубајазит во провинцијата Агри, во близина на границата со Иран, употребиле земјоделско возило со два тона експлозив. 

Во Турција последната недела интензивирани се судирите меѓу турските власти и Курдите.

Турските власти речиси секојдневно вршат воздушни напади врз позициите на ПКК во северен Ирак, а курдските бунтовници ги напаѓаат турските безбедносни сили. Во насилството досега загинаа најмалку 24 лица, од кои најголем број војници.