Свет
20. July 2016 - 9:32

Во САД убиен уште еден полицаец

Роберт Мелтон, полицаецот од Канзас Сити кој вчера попладне беше застрелан на задача и беше хоспитализиран, денеска им подлегна на повредите, соопшти полицијата во Канзас.

Според началникот на локалната полиција Тери Зајглер, напаѓачите претходно пукале во воздух од автомобил. Откако Мелтон по дојавата пристигнал на местото, тие излегле од возилото и истрелале неколку куршуми во него. По нападот се приведени две лица.

Претходно во неделата, во градот Батон Руж вооружен напаѓач рани неколку полицајци.