Свет
9. јуни 2017 - 9:10

Во саботниот напад во Лондон повредени 48 лица

Лондонската служба за Брза помош соопшти дека билансот на повредени од  нападот во Лондон, што се случи во саботата, достигна 48 лица.

Повредените лица биле хоспитализирани во пет лондонски болници. 

Претходно медиумите јавија дека во нападот се повредени 30 лица. 

Во терористичкиот напад беа убиени шест лица. 

Тројцата напаѓачи се убиени од страна на лондонската полиција. 

Властите овој последен напад во Лондон го оценија како терористички акт.