Балкан
20. February 2018 - 12:15

Во Романија од грип починале 37 лица

Триесет и седум лица починале од грип во Романија, информира Националниот центар за надзор на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје. 

Последните две жртви на грип не биле вакцинирани и имале здравствени проблеми и пред тоа.

Станува збор за 61-годишна жена од областа Бихор и 84- годишен маж од округот Салаж, прецизира центарот.