Балкан
6. November 2017 - 9:02

Во „рајските документи“ споменато и името на српски министер

Меѓу „рајските документи“ што вчера ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) за финансиите на околу 120 политичари од повеќе држави, се наоѓа и името на еден актуелен српски министер, соопшти белградската Мрежа за истражување на криминалот и корупцијата (КРИК). 

Како што објави КРИК на својот интернет сајт, името на членот на актуелната Влкада на Србија ќе го обелоидени во текот на денешниот ден.

Во соопштението се посочува дека во текот на следните недели КРИК ќе објавува и податоци за српските држајани кои основале оф шор компании во т.н. даночни оази. 

До „рајските документи“ дојде германскиот весник „Зидојче цајтунг“, кој потаа ги сподели со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и со повеќе од 380 новинари во 67 земји.

Во нив се тврди дека во даочните оази своите богатства ги криеле најголемите светски компании, голем број политичари, ѕвезди од шоу бизнисот и спортсити.

Во центарот на сканалот е „Еплби“, правна фирма со филијали на Бермудските, Кајманските и Британски Девствени Острови, како и на островите Мен, Џерси и Гернзи. „Епибај“ е водечка фирма во оф-шор бизнисот.