Во протестите во Венецуела досега загинаа 42 лица
Бројот на загинати во судириите меѓу демонстрантите и безбедносните сили на Венецуела достигна 42 лица, соопшти Државното обвинителство, потврдувајќи уште три нови жртви во текот на вчерашниот ден.
Според Обвинителството, еден такстст бил убиен од страна на полицаец во пограничниот регион Тачира, а друго лице го загубило животот во судирите во Сан Антонио.
Едно пак 17-годишно момче било застрелано во главата во текот на протестите во Баринас. - Група луѓе дојде и почна да пука, ранувајќи го момчето, кое потоа почина в болница, стои во соопштението,
Во Венецуела веќе шест недели се одржуваат масовни протести, кои ги организира опозицијата против социјалистичката Влада на претседателот Николас Мадуро.
Стотици илјади луѓе секојдневно ги блокираат улиците незадоволни поради недостигот на храна и лекови и поради високата инфлација. Тие бараат нови избори и меѓународна помош за решавање на кризата.
Мадуро за целата ситуација ја обвинува опозицијата, тврдејќи дека се работи за обид за државен удар поддржан од САД.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација