Ракомет
24. April 2017 - 14:17

Во продажба влезниците за дуелот Македонија – Исланд

 
 
Македонската машка ракометна репрезентација на 4 мај со почеток од 20 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра третиот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд.
 
Продажбата на влезници за натпреварот почнува во денеска на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.
Влезниците се продаваат по цени од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).
 
Натпреварот против Исланд е од огромно значење за нашата репрезентација во борбата за пласман на Европското првенство 2018 во Хрватска. Македонија, заедно со Исланд, но и со останатите две селекции кои се наоѓаат во нашата група (Чешка и Украина) има по 2 освоени бодови по првите две одиграни средби.
 
По завршувањето на овој натпревар, Македонија на 7 мај ќе гостува во Рејкјавик на Исланд, а последните две средби од групата против Украина на гостински терен и против Чешка дома, ќе се одиграат на средината на јуни.
 
Првопласираните две репрезентации од групата обезбедуваат учество на ЕП 2018 во Хрватска