Бизарно но вистинито
25. September 2015 - 17:47

Во продажба селфи лажица

Да, добро прочитавте - селфи лажица. Секако, за овој неверојатен изум можеме да се заблагодариме на една компанија за житарки, бидејќи како да појадувате, а тоа да не го објавите на социјалните мрежи.

Стапот е долг 76 см и има копче со функционална лажица, така што при секој нов залак можете да се фотографирате.

- Поминале денови кога сте јаделе вкусен доручек, а вашите пријатели не знаеле за тоа, се порачува во рекламата.

- Па, зошто би морале да избирате меѓу храната и споделувањето? Со „селфи лажицата“ можете и едното и другото.

Иако многумина биле критички према селфи стапот, оваа година доживеавме и најголемите „хејтери“ да имаат фотографии направени токму со помош на стап. Што мислите, дали тоа ќе биде случај со „селфи лажицата“?