Бизнис
18. јуни 2017 - 16:37

Во Прилеп започна бербата на тутун

Пред се заради климатските промени кои ја карактеризираат пролетва, порано од вообичаено,  прилепските тутунопроизводители веќе ја започнаа бербата на тутунот од годинашнава реколта.

Но, се уште неисплатените субвенции, им прават сериозен  проблем при производството, посочуваат тутнарите.

Инаку, според евиденцијата, годинава, осумте откупни компании, склучиле договори со околу 30 илјади кооперанти, бројка која е на речиси истото ниво како и минатата година.