Македонија
30. April 2017 - 22:01

Во Прилеп се одржа традиционалната, втора по ред, Дервенска тура

Над стотина велосипедисти ентузијасти денеска зедоа учество на традиционалната, втора по ред, Дервенска тура, која го опфаќа живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна, од каде има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка. Велосипедитите тргнаа од плоштадот Александрија и ги имаше од сите возрасти.

Инаку, Дервенската тура се состоеше од две рути: мала и голема. Малата рута беше  со должина од 35 км и висинско искачување од 870 метри, а големата рута  започна од Дервен и беше долга  45 км и искачување од 950 метри.