Македонија
26. February 2017 - 21:35

Вo Прилеп се одржа шеснаесеттото издание на меѓународниот карневал “ПРОЧКА 2017”

Карневалски Прилеп, денеска, на празникот “Велики Поклади” , оствари уште едно успешно издание на Меѓународниот фестивал “ПРОЧКА 2017”.
Градот на мајтапот, курназлаците и шегата, во духот на многувековната традиција, по 16- ти пат беше домаќин на преку илјада маскирани учесници од земјава и странство.

Стручното жири, на најуспешните маскирани учесници, вечерва, на маскенбалот и официјално ќе им ги врачи наградите. Карневалот завршува утре, со заедничкиот посен ручек со познатиот бел, касапски грав, кој ќе биде послужен во манастирот “Св. Ѓорѓија”  во с. Присад.