Македонија
18. November 2017 - 16:25

Во Прилеп се одржа научна трибина ,,Македонците во Албанија, искуства и предизвици‘‘

Испровоцирани од неодамна донесениот Закон во албанскиот Парламент за заштита на националните малцинства во Албанија, со кој покрај македонското се признава и  бугарското, Институтот за старословенска култура од Прилеп организираше Научна трибина на тема “Македонците во Албанија, искуства и предизвици”, на која  учество зедоа научни и струични работници од двете земји, при што акцентот беше ставен на недозволивата пасивност на македонските власти по ова прашање.

Македонците од Албанија отворено побараа поголема поддршка, но и ангажман од македонските власти со цел да се запре се позагрижувачката асимилација на македонското малцинство во Албанија.

Научната Трибина, која предизвика голем интерес, започна со презентацијата на првиот дел од документарната емисија “Македонците во Албанија” по сценарио и режија на проф. д-р Катерина Тодоровска.