Македонија
15. October 2017 - 19:33

Во Прилеп излезноста до 17 часот 60,1 проценти

Во Прилеп гласањето се одиваше непречено и без поголеми проблеми, информираат од општинската изборна комисија. До 17 часот одѕивот на гласачите беше 60,1 насто од вкупно запишаните 64 924 гласачи.
 
Непречено се гласаше и во Крушево, Кривогаштани и во Долнени. Според општинските изборни комисии до 17 часот одѕивот на гласачите во Крушево е 65,3 насто, во Кривогаштани 59 проценти, а во општина Долнени одѕивот до 17 часот е 47 насто.