Македонија
24. October 2017 - 9:11

Во прекин сообраќајот за товарни возила - АМСМ информира каде не се вози

Авто-мото сојузот на Македонија утрово соопшти дека на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е сообраќајот за товарни возила за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата – информација што се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.