Македонија
19. November 2017 - 16:23

Во пожар изгоре куќа во Шуто Оризари, оштетени и соседните

Голем пожар во Скопје, една куќа целосно изгорена а уште три оштетени.

Од МВР известуваат дека вчера околу 10часот и 50 минути било пријавено дека во Скопје на улица „Брсјачка Буна“ во Шуто Оризари, од засега непознати причини избувнал пожар во куќата сопственост на48- годишниот  А.Џ, кој во моментот на пожарот не бил во домот, а во куќата биле неговите пет малолетни деца и истите навремено биле евакуирани од страна на соседите.

Во соопштението од полицијата се вели дека покрај неговата куќа, која била целосно опожарена, зафатени биле уште три соседни куќи, сопственост на 26- годишниот Џ.Х, на 35- годишниот Ѓ.Ф на двете им биле опожарени само кровните конструкции, и на 42- годишниот Н.Л на чијашто куќа била оштетена фасадата и кровната конструкција од помошен објект.

Пожарот бил изгаснат во 11,45 часот од страна на екипи на Бригадата за противпожарна заштита.

Се работи на целосно расчистување на настанот.