Македонија
15. November 2016 - 13:34

Во пожар изгоре кат од куќа во Штип

Во пожар на улица „Личка“ во населбата Кадидаре утринава околу девет часот изгоре кат од семејна куќа. Според првичните информации пожарот бил предизвикан од неисправна електрична инсталација. 

Командирот на ТППЕ – Штип, Благој Ренџов вели дека веднаш по добиениот повик од соседите пожарникарите со две противпожарни возила интервенирале и го изгаснале пожарот.

Според првичните проценки настаната е голема материјална штета, бидејќи изгорела целата покуќнина на семејството кое живеело на катот од куќата.

Пожарот се случил додека членовите на семејството биле на своите работни места, а огнените јазици ги забележале соседите.