Македонија
22. May 2017 - 16:43

Во пораст бројот на заболени од рак на кожа

Лани во Македонија на 198 лица им бил откриен рак на кожата. Лекарите предупредуваат дека бројот на заболени од меланом е во пораст и тешко се дијагностицира.

Од друга страна од здруженијата на пациенти предупредуваат дека минатата недела неколку болни од меланот ќе останеле без терапија. Апелираат навреме да бидидат обезбедени лекови.

Инаку меланомот е еден од најопасните видови рак. Прекумерното сончање кое предизвикува изгореници е најчестиот ризик фактор.

Од дијагностика до лекување е опфатено на првиот симпозиум за меланом кој се организира во Македонија.

Фокусот на лекарите е како да се подобрат шансите за преживување од меланом.

Во пресрет на летните одмори дерматолозите советуваат дека најдобра превенција за меланом е да не се претерува со сончањето мкое може да предизвика изгореници и кожата задолжително да ви биде соодветно заштитена од штетните УВ зраци.