Македонија
28. July 2017 - 10:20

Во понеделник во Скопје прскање против комарци од земја

Град Скопје соопшти дека терестричната дезинсекција (од земја) против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира во понеделник во период од 7 до 17 часот.

Со оваа дезинсекција, како што се наведува, ќе бидат опфатени стоечките водни површини во градот Скопје и во неговата околина.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје и ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.