Свет
14. September 2017 - 9:14

Во Полска пристигна американска воена опрема

Повеќе од илјада парчиња американската воена опрема, меѓу кои и тенкови „Абрамс“, борбени возила „Бредли“ и самоодни хаубици денеска пристигна во полското пристаниште Гдањск.

Американската воена опрема пристигна додека Русија се подготвува за денешната воена вежба во Белорусија.

Во заедничката воена вежба Запад-2017 во Белорусија учествуваат илјадници руски и белоруски војници.

Лидерите на Полска, Словачка, Романија, Бугарија и балтичките држави се загрижени дека Русија по воената вежба ќе остави дел војниците во Белорусија.

Во Полска се распоредени американски војници како одговор на зголемената воена активност на Русија.