Свет
23. February 2018 - 15:36

Во полиција акција против меѓународни шверцери на дрога во Шпанија уапсени 18 лица

Во акција за разбивање меѓународен синџир за трговија со дрога, во Шпанија се уапсени 18 лица, меѓу кои и двајца српски пилоти.

Србите, со хеликоптери ја пренесувале дрогата за еден од најголемите светски картели и учествуваале во трговија со луѓе. Криминалната група била специјализирана за криумчарење хашиш, кој со хеликоптери бил пренесуван од Мароко во Шпанија.

Во акцијата се запленети три возила, неколку мобилни телефони, инструменти з алетање, изводи од банка и околу 18 илјади евра.