Бизнис
22. May 2017 - 20:28

Во платежната агенција работат пркеувремено за да ги завршат сите налози за исплата на субвенциите во законскиот рок

Секојдневно се потпишуваат налозите за исплата на субвенциите во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.

Директорот Игор Златков вели дека се работи прекувремено и во саботите,  со цел до крајот на мај да се потпишат сите налози за субвенции на околу 90 илјади регистрирани земјоделски стопанства во земјата.

Од Агенцијата очекуваат целосната исплатата на парите до земјоделците да се реализира во законскиот рок - до крајот на јуни.

Од министерството за финансии известија дека во трезорот се пристигнати налози за околу 30 милиони евра, а досега се исплатени 14 милиони за повеќе земјоделски гранки.

Уставниот суд минатата недела ги укина одредбите од Изборникот законик со кои беше забранета исплатата на субвенциите за земјоделство до формирање на нова Влада.