Македонија
26. October 2016 - 19:16

Во петок температурен шок во Македонија

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, на југот од земјава облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот, преку ноќта и во петок претпладне ќе има локални врнежи од дожд кои во јужните делови повремено ќе имаат умерен интензитет, а на повисоките планини на запад во земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Од петок попладне следува период на стабилно и суво време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.