Во Пехчево почна асфалтирањето на улицата „Буковик“
Градежните екипи на фирмата „Жикол“ од Струмица денеска почнаа со асфалтирањето на улицата „Буковик“ во должина од околу 500 метри, која е дел од проектот за асфалтирање осум улици во градот со вкупна должина од три километри.
Градоначалникот на Пехчево Игор Поповски кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека решавањето на проблемот со инфраструктурата е приоритет за локалната самоуправа.
- Асфалтирањето, реконструирањето и обновување на сообраќајната мрежа во градот е наш приоритет. Не смееме да дозволиме граѓаните во 21-век да газат кал и да возат по лоши улици и затоа како градоначалник работам се што е во наша моќ да асфалтираме и обновиме што повеќе улици во општината, истакна Поповски.
Тој додаде дека по завршување со асфалтирањето на улицата „Буковик“ машните ќе се префрлат да работат на останатите седум улици.
- Предвидено е да биде поставен асфалтен слој, а претходно се рушеа по улиците старите градби кои ја попречуваа изградбата на улиците. Проектот е вреден 260 илјади евра, а грант средствата се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови и се администрирани според правилата на Светска банка, рече Поповски.
Асфалтирањето на улиците треба да заврши до крајот на летото.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка