Во парискиот регион регистрирани 17 радикализирани полицајци
Во редовите на полицијата во регионот на Париз во периодот меѓу 2012 и 2015 година се регистрирани 17 случаи на радикализирани полицајци, се вели во еден допис обелоденет денеска во книгата „Каде се нашите шпиони?“.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, авторите на книгата, новинарите Ерик Пелтие и Кристоф Дибоа, повикувајќи се на допис на Дирекцијата за безбедност на регионот на Париз, наведуваат дека феноменот на радикализација се зголемил во 2014 година.
Овие радикализирани полицајци се млади, кои се вклучиле во полициијата во средината на 2000 година преку внатрешните конкурси за вработување. а многу од нив биле поранешни офицери за безбедност.
- Сметаме дека во министерствата за одбрана, внатрешни работи и правда има стотина случаи на радикализација, им изјавил извор задолжен за следење на овие прашања на Дибоа и Пелтие.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо