Во овој филм за прв пат актерката вистински доживеа оргазам и ја промени историјата!
„Непристојно и морално опасно", „несоодветно, неморално и развратно", „исклучително храбро" - ова не се рецензии за „50 нијанси потемно", туку критички коментари за филмот од 1933, „Екстази", што официјално се смета за првиот кој содржи сцена со женски оргазам, и којшто ја прослави легендарната Хеди Ламар.
Критичарите се сложуваат и дека ова е еден од најреволуционерните филмски сцени воопшто. „Екстази“, инаку е чешки игран филм од 1930-те, кога американските филмаџии, но и публиката воопшто, не беа подготвени за такви сцени.
Таа улога претставуваше отскочна даска за Ламар, на која најмногу се сеќаваме по улогата на Далила од „Самсон и Далила".
Приказната на филмот пак, е за жена која го остава својот импотентен сопруг за да се впушти во врска со помлад инженер. Иако сцената со оргазмот не прикажува голотија, таа е присутна низ целиот филм.
Ново на Сител
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите