Македонија
21. August 2017 - 16:29

Во оваа дрвена куќа се крие една од најголемите тајни на поранешна Југославија

Во Скопска Црна Гора, во шума над селото Бањани, скриена со дрвја и растенија, покрај една карпа, стои една стара овчарска колиба. Како што ја нарекуваат мештаните - скривницата е откриена во 2012 година.

Куќата има тешка,метална портокалова врата која го крие влезот на овој подземен бункер. Во бункерот постои тунел со ходници како лавиринт и кабли за телефон, телеграф, како и цевки за вентилација. Бункерот бил изграден од поранешната ЈНА и бил заокружен како голема тајна која се открила дури во 2012 година.