Во Отешево одбележан меѓународниот ден на Зелениот појас
Во организација на мрежите од невладини организации Преспа Нет, а во соработка со трите општини од регионот Преспа, Ресен од Македонија, Преспес од Грција и Пустец од Албанија во туристичката населба Отешево беше одбележан Меѓународниот ден на „Зелениот појас“.
Месното население од трите страни на Преспанското Езеро ги презентираше своите традиционални производи поврзани со гастрономијата, а настанот го збогатија и културно уметнички друштва од Република Македонија и Република Грција. На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на трите погранични општини Ѓоко Стрезовски, Панајотис Пасхалидис и Едмонд Темелко.
Домаќинот на прославата на Меѓународниот ден на „Зелениот појас“, градоначалникот Стрезовски во своието обраќање посочи дека треба да се грижиме за она што ни го дала природата и да го оставиме на идните поколенија.
- Ние делиме еден екосистем, дишиме ист воздух, пиеме иста вода и имаме милиони сопствени предизвици, но само една заедничка иднина во која главен влог е нашето природно богаство за кое треба да се грижиме и да го оставиме функционално на нашите поколенија, истакна Стрезовски.
Во рамките на манифестацијата се одржа велоспидска тура во Националниот парк „Галичица“, а беше поставена и изложба на фотографии од Балканскиот зелен појас.
Европскииот зелен појас се протега на повеќе од 12.500 километри низ 24 земји и е поделен на четири региони, а го симболизира глобалниот напор за заеднички, прекугранични активности за заштита на биолошката разновидност и одржливиот развој.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина