Македонија
26. October 2015 - 18:31

Во организација на СЗПМ: Дебата за остварливоста на проектот „Светска влада за светски мир“

По повод излегувањето на книгата „Светска влада за светски мир“ од новинарот, публицист и поранешен пратеник во Собранието на Македонија Аце Сајкоски, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Книгоиздателството „Бата прес“ вечерва организираат дебата на тема „Мир и светска влада на ООН реалност или фикција“.

Вовед во дебатата ќе направат Васил Тоциновски, писател и Димитар Илиевски, аналитичар и претставник на Сојузот на пензионерите на Македонија, а на пригоден начин ќе биде обележана и триесетгодишнината од проектот „Цвеќе на мирот“ на хуманистот Живко А. Поповски – Цветин.  

Дебатата  ќе се одржи во 18 часот во Клубот на љубителите на книгата при Здружението на пензионерите на општина Аеродром, а манифестацијата е во рамки на обележувањето на 70 годишнината од формирањето на ООН во 1945 година.