Македонија
29. October 2017 - 17:53

Во општина Врапчиште до 17 часот на гласање излегле 38 проценти од избирачите

Според информациите од ОИК Врапчиште во вториот круг на избори за градоначалник на општината, на гласање излегле 38,7 отсто од запишаните гласачи, односно 9.835 лица.

Изборниот процес во Врапчиште се одвива нормално и без регистрирани неправилности.