Македонија
29. October 2017 - 13:38

Во општина Врапчиште до 13 часот гласале речиси 20 отсто од запишаните избирачи

Во општина Врапчиште до 13 часот, според информациите на Општинската изборна комисија на гласање излегле 19,8 отсто од запишаните избирачи, односно 5.027 гласачи.

Избирачкиот процес тече нормално и досега не се пријавени нарушувања

Вториот круг од изборот за градоначалник на оваа полошка општина, утрово започна навреме на сите 39 избирачки места, каде правото на глас можат да го искористат 25.371 лица.