Македонија
25. May 2016 - 17:07

Во Општина Новаци почна изградбата на првата детска градина

Детска градинка, со капацитет за сместување и згрижувње на 100 деца од предучилишна возраст почнува да се гради во општина Новаци. Инвестицијата е вредна 6, 5 милиони денари, а камен темелникот го постави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека градинката треба да биде готова до крајот на годинава.
           
Според министерот Спасов, од 2009 година досега, Владата на Република Македонија инвестирала во изградба на вкупно 46 детски градинки, а отворени се и над 26 центри за ран детски развој. За годинава се очекува да бидат отворени уште 12-13 објекти во повеќе општини каде што досега воопшто немало градинки.