Бизнис
10. August 2017 - 20:34

Во Охрид вработени 650 лица преку проектот „Македонија вработува“

Околу 650  охриѓани се вработиле со проектите Македонија вработува 1 и 2 .Овие бенефиции при вработувања со ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување за млади и од персонален данок на плата изминативе 2 години се до 27 јуни ги искористиле граѓани од најразлични профили. Половина се млади до 35 години, но има и лица над 58 години, како и 10 од ранливите категории.

За поголема вработеност превземени се низа мерки како што се советувања ,мотивациони обуки и практиканство кои придонесуваат да се стекнат со дополнителни знаења и вештини за нивно вклучување на пазарот на трудот.

Инаку во Охридската агенција за вработување работа чекаат околу 3800 на листата најбројни се оние кои се без квалификации нивниот број изнесува 1500 веднаш зад нив се лицата со завршено средно образование потоа со вишо а 600 лица со високо образование се невработени.