Македонија
18. October 2015 - 17:02

Во Охрид потребна селекција на туристичките водичи за подобар туризам

Охрид треба повеќе да се популаризира а туристичките водичи реално да го презентираат културно историското наследство.Според добрите познавачи потребна е селекција во нивното работење бидејќи многу често водичите дават податоци кои не се адекватни за нашата историја и култура.

Галеријата на икони е една од трите најпознати светски галерии заедно со руската и грчката ,иконите од охридскиот регион се од непроценлива вредност и се барани на сите изложби во светот.

Голем дел од охридските икони претставуваат значаен и неделив сегмент од богатото културно-историско наследство и поседуваат високи уметнички квалитети кои се создавани во еден подолг период од XI до XIX век.