Македонија
19. January 2017 - 16:10

Во Охрид по четврти пат најсреќен варошанецот Петар

27- годишниот Петар Рупески од населбата Варош е најсреќниот кој успеа меѓу стотината капачи во студените езерски води прв да доплива до светиот крст.Младиот охриѓанец кој по четврти пат го фаќа крстот вели дека изминатата година му била една од најсреќните во неговиот живот.

На чинот на осветувањето на езерските води присуствуваа десетина илјади верници од земјава нашето соседство и странство.Рупески од страна на црквата доби крст а од општината беше даруван со икона.

Прославувањето продолжи на локалитетот Сараиште каде традиционално се спроведе масовно крштевање во Охридското езеро.

Верниците полнејќи во шишињата света вода си посакаа здравје и благосостојба.

Инаку прославувањето по повод Богојавление во Охрид продолжува и утре со славење на празникот Свети Јован Крстител или кај охриѓани познат како Денот на рибарите каде со традиционално капање се означува крајот на мрестот на пастрмката и почетокот на сезоната на риболовот а манифестацијата на Сараиште ќе биде збогатена со рибна чорба,пача греана ракија и вино пропратена со музика за посетителите.