Македонија
28. March 2017 - 17:17

Во Охрид оштетена двојазичната табла на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Оштетена новопоставената двојазична табла на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид . Вработените во државните институции сместени во оваа зграда кои не сакаа јавно да зборуваат велат дека ги изненадило скришното незаконско поставување на двојазичната табла. Во Законот за употреба на јазици кажано е дека не смее да се поставуваат двојазични табли во единицита на локалната самоуправа каде нема 20 посто албанско население .

Во врска со двјазичната табла од СВР Охрид велат дека нема нарушување на јавниот ред ниту било каква тепачка во градот.

Од охридската полиција потврдија дека утрово околу  9 часот било пријавено оштетување но немало никаков инцидент.

Ризвани вели дека се работи за тековна активност на надлежната институција посочувајќи дека освен во Охрид, таблите на фондот се заменуваат и во другите општини.

Раководителот на фондот за пензиско и инвалиско осигурување најави дека повторно ќе стави иста двојазична табла . Инаку во 2014 година во ПИОМ беа поставени двојазични плочки во канцелариите кои требаше да се отстранат но тие сеуште се на вратите.