Македонија
28. October 2017 - 16:23

Во Охрид опаѓа интересот за конгресен туризам

Се намалува интересот за конгресниот туризам во главниот туристички центар

Конгресниот туризам во главниот туристички центар бележи намалување.И покрај идеалните услови и можностите за продолжувањето на сезоната до месец ноември сепак има појава на тренд каде конгресите се почесто се организираат надвор од нашата држава.Хотелиерите сметаат дека со развој на овој вид на туризам, сместувачките капацитети во Охрид ќе може да опстојуваат и да работат преку целата година, а поголема заработка би имале и угостителските објекти и трговските дуќани.

Не само Охрид туку и останатите туристички дестинации од регионот се соочуваат со истиот проблем а тоа е кратката сезона.

 Туристичките работници сметаат дека потребно е да се направи  добра стратегија која ќе придонесе за зголемување на бројот на интернационални конгреси научни конференции и семинари со оглед на тоа што Охрид е дел од листата во регионот на конгресни дестинации.